Облачно со слаб снег и ветер

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде  облачно. Појава на слаб снег ќе има главно на запад и северозапад. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до нула, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб претежно источен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Значителна промена на времето ќе има од утре кога ќе има врнежи од снег прво во северните и западните, па потоа и во останатите делови од земјата. Насекаде ќе се формира снежна покривка која на планините ќе изнесува и до 50 сантиметри. До сабота ќе дува засилен повремено силен северен ветер поради што наместа ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали, но ќе биде многу студено.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски