Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по поразот (1:0) од Ливерпул вчеравечер на „Енфилд“ немаше многу замерки на неговите избраници и рече дека еден детал го реши победникот.
– Ваквите дуели ги решаваат детали. Еден погодок на домаќинот му беше доволен да го освои целиот плен. Тие од првата своја шанса постигнаа гол кој се покажа одлучувачки на крајот. Ние немваме многу шанси во првото полувреме, додека вториот дел го одигравме подобро. Нам ни преостанува да се фокусираме на следниот дуел, значи не кон титулата, туку кон Барнли. Одиме по потешкиот пат, па ќе видиме каде ќе стигнеме, рече Гвардиола.
Манчестер Сити на половина од Премиер лигата заостанува десет бода зад лидерот Челзи кој на врвот има 49 бода.
Веќе утре „граѓаните“ се домаќини на Барнли во рамките на 20.коло.