Слаби врнежи од снег во Маврово и Лазарополе

Од:

Променливо облачно, ветровито и студено време имаме утрово во Македонија. Слаби врнежи од снег има во Маврово и Лазарополе. Снежна покривка има во Претор 3 сантиметри, Крушево 5, Маврово 13 и Лазарополе 16 сантиметри.

Најниска температура утрово е измерена во Маврово -11, Крушево и Лазарополе – 10 Берово и Ѓуриште – 7, Пожаране, Претор, Охрид, Тополчани и Дебар – 6, Тетово -5, Виница, Прилеп и Крива Паланка -4,  Битола -3, Куманово, Демир Капија, Штип и Струмица -2, Скопје -1,  Дојран 0 и Гевгелија 1 степен.

Во текот на денот времето ќе биде умерено облачно со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени. Во Скопје, умерено облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

За време на новогодишните празници времето ќе биде стабилно и суво со студени утра, а преку денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата, на повисоките места и на планините ќе се спуштат и до -15 степени, а дневните од недела ќе бидат во благ пораст. За  Новогодишната ноќ ќе биде ведро и студено со температура во земјава од -14 до -6 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски