Променливо облачно со северен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините ќе има услови за слаб снег. Ќе дува умерен, а наместа и силен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието, во источните делови и на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од минус еден до шест степени.

Во Скопје слично време со температура од еден до четири степени.

Од утре брзината на ветерот се очекува постепено да се намалува, а со тоа ќе се овозможи и опаѓање на утринските температури. За новогодишната ноќ се очекува стабилно и суво време. Потоа во првите денови од Новата година следува период на стабилно, суво и студено време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски