Снег на планините и постудено

Од:

Повеќе врнежи од дожд и снег во западна Македонија и формирање снежна покривка на планините, најави за попладне Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Снег ќе има и на некои повисоки места, над 600 метри надморска височина.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, врнежи од слаб снег веќе има на Попова Шапка и Македонски Брод.

Според УХМР, поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.

Утре и задутре ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините, а кој повремено ќе биде со брзина од околу 100 километри на час. Дневната температура значително ќе опадне, а  најниска ќе биде во четврток и во петок кога на повеќе места ќе се задржи негативна.

Од петок следува постепено разведрување, за време на викендот времето ќе биде сончево, а за новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под минис 10 степени, информира УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски