Издавачката куќа “Феникс” од Скопје, во својот Креативен центар, од денеска до 31 декември организира Новогодишен саем на книги.
Од издавачката куќа информираат дека на Саемот ќе бидат презентирани над 10.000 изданија со попусти од 50-80%, кои се сметаат за пригоден новогодишен подарок. Акцент е ставен врз изданијата за деца и млади, а ќе бидат понудени и голем избор изданија за возрасната популација.
Креативниот центар на „Феникс“ се наоѓа на ул. “Костурски херои” бр. 35, кај Универзална сала.