ФФМ со донација за децата од средното училиште за рехабилитација „Св. Наум Охридски“

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по повод педесет годишнината од основањето на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје присуствуваше на свечената приредба изведена од страна на учениците од образовната институција.

Во рамките на манифестацијата директорот на училиштето Јордан Стојановски ја најави монографијата за постоењето и развојот на училиштето и врачи благодарници за искажани хумани гестови од страна на институции и поединци меѓу кои беше и ФФМ.

– ФФМ донираше спортска опрема за децата од интернатот кој функционира во рамки на училиштето. Нескромниот ентузијазам и залагање на наставниците кои работат со децата и придонесуваат за нивно интегрирање во општеството и прави сите кои на скромен начин помагаат преку донации да се чувствуваат убаво и корисно, соопштија од федерацијата.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија