ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека за нив изборите завршиле на 11 декември и дека остануваат посветени на идните чекори околу формирање нова влада.
– Денес, и ние како и целата јавност дознавме, дека и покрај сите напори, теарчани го спречиле обидот за постизборен инжинеринг. Им честитаме за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како победници на изборите, како што истакнуваат од партијата, остануваат посветени на идните чекори околу формирање нова влада.
– Воедно остануваме на нашите ставови искажани во изјавата од 11 декември кога беа сумирани изборните резултати, се додава во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.