Во Берово -11 степени, денеска сончево со мала до умерена облачност

Од:

Бо Берово утрово беа измерени – 11 степени, во  Штип, Демир Капија и Струмица – 8, во Битола – 7, во Скопје, Дебар, Тетово и Крива Паланка – 6, во Прилеп и Куманово -5, во Лазарополе, Виница и Маврово – 4, во Претор и Охрид – 3, во Гевгелија -2, Пожаране и Ѓуриште – 1, во Тополчани и Крушево 0 и во Дојран 1 степен.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и претежно тивко. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температура ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно ќе преовладува умерено, наместа значително облачно со услови за изолирана појава на краткотраен слаб дожд, а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег, соопшти УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски