Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација, за пласман во баражот на Светското првенство што ќе се игра во Германија 2017 година.
Успешниот настап во квалификациската група што се играше на Фарски Острови, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки на бараж-натпреварите кои ќе се одиграат во јуни 2017 година. Во првиот натпревар од баражот Македонија е домаќин на Шведска, а реваншот се игра на теренот на противникот.
Победникот од бараж-двомечот ќе обезбеди пласман на Светското првенство Германија 2017.