Исламска држава во Сирија објави видео на кое се гледа како нејзини борци запалија живи двајца турски војници во момент кога турските сили и сириските бунтовници водат жестока битка против милитантната група во Ал Баб, Северна Сирија, соопшти ДПА.
Откако видеото се појави, во Турција беа блокирани социјалните мрежи. Властите често ги блокираат Твитер, Фејсбук или Јутјуб во периоди на немири или за да го спречат ширењето на одредени содржини.
Видеото во кое окованите војници си ги соопштуваат имињата, беше распространето преку различни социјални медиуми, но засега не е потврдено ниту коментирано од турски официјални претставници.
Минатиот месец Турција соопшти дека изгубила контакт со двајца свои војници, кои учествуваат во борбите во Сирија, потсетува ДПА.