Палермо испушти победа во судиското надополнување

Од:

Екипата на Палермо во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски испушти победа на синоќа одиграниот дуел од 18.коло од Серија А против Пескара на домашен терен. Натпреварот заврши 1:1, а гостите изедначија во судиското надополнување на вториот дел. Палермо поведе во 33.минута со голот на Робин Куасон, а изедначи Кристијано Бираги во 90+3 минута од пенал. Несторовски го одигра целиот натпревар и доби жолт картон, додека Трајковски во игра влезе во 83.минута. Палермо е на 18.то место на табелата со 10 бодови.

Во дресот на Џенова на гостувањето кај Торино (пораз од 1:0) од 74.минута настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Резултати на натпреварите од 18.коло од Серија А: Палермо – Пескара 1:1, Рома – Киево 3:1, Каљари – Сасуоло 4:3, Фиорентина – Наполи 3:3, Сампдорија – Удинезе 0:0, Торино – Џенова 1:0, Интер – Лацио 3:0, Аталанта – Емполи 2:1.

Поради Супер купот што се игра попладнево во Доха, Катар меѓу Јувентус и Милан, натпреварите: Кротоне – Јувентус и Болоња – Милан ќе се играат на 8.февруари 2017 година.

Табела: Јувентус 42 бода, Рома 38, Наполи 35, Лацио 34, Милан 33, Аталанта 32, Интер 30,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска