Дали ќе има прераспределба на мандатите во 6 изборна единица?

Од:

Во недела, на 25 декември, засега, според одлуката на Управен суд, ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце, во изборна единица 6.

Таму се запишани околу 800 гласачи. На 11 декември гласале 404 лица, или излезноста била 56,58%.

ВМРО-ДПМНЕ добиле 91 глас, СДСМ 87, за ДУИ 53, за БЕСА 65, за Алијансата на Aлбанците 25, за ДПА 64 и Третиот блок по еден.

Бидејќи ова може да влијае на конечниот распоред на мандатите во оваа изборна единица, по одлуката на Управен суд која е конечна, ДИК треба да донесе одлука за прегласување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека доколку има прегласување, неговата партија нема да учествува на изборите и резултатите нема да ги признае.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“