Тачи: Во Чаир нема да се пее „Македонско девојче“

Од:

„Во Чаир ќе забраниме да се пее песната „Македонско девојче“, а албанското знаме никогаш нема да биде помало од македонското“, рече лидерот на ДПА, објави МКД.мк.

Алсат-М го посочи делот од говорот на Тачи во кој тој рекол дека Албанците во Македонија се во лоша состојба и затоа заедно треба да работат кон остварување на националните интереси. За тешката ситуација на Албанците тој ја обвини владеачката ДУИ.

Тачи побара одговор зошто не се регулира статусот на учесниците во конфликтот од 2001-та година и зошто наместо 30, за Албанците се одвојува само 10 проценти од буџетот.

Кандидат на ДПА за градоначалник на Скопје ќе биде Беким Фазлиу, за општина Чаир, Мухамед Тачи, за Бутел, Едмонд Мифтари, за Гази Баба, Насир Зеќири, во општина Шуто Оризари – Ибрахим Шума, Арачиново, Авни Гафури, Студеничани, Азем Садику и Сарај – Хазби Нуредини.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он