Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурата ќе се движи од нула до осум степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурата ќе достигне шест степени.
Од петок до недела времето ќе биде претежно сончево и студено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат и под -10 степени. Од понеделник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.