Металург ослабен отпатува на гостувањата од СЕХА лигата

Од:

Македонскиот ракометен вицешампион Металург ослабен ќе настапи на последните два натпревара во 2016 година во СЕХА лигата.На гостувањата кај Цеље и Татран Прешов тренерот Лино Червар нема да може на смета на капитенот Филип Талески поради болест и на Марко Нелоски се уште е во период на рехабилитација на повредата на грбот.

Дуелот со Цеље се игра вечерва со почеток во 20 часот, а денеска од СЕХА лигата се игра и натпреварот меѓу Горење и Веспрем.

Во сабота е последниот дуел на Металург, кој ќе гостува кај Татран Прешов во Словачка, додека истиот ден и македонскиот шампион Вардар ќе биде активен во СЕХА лигата со натпревар на гости кај Мешков Брест во Белорусија. По одигрувањето на саботните натпревари ќе следува пауза за македонските екипи бидејќи во вторник ќе стартуваат подготовките на македонската репрезентација за Светското првенство во Франција.

Табела: Вардар 35 бодови, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Веспрем 26, Цеље 21, Нексе 12, Горење 12, Татран Прешов 10, Металург 7, Извиѓач 3.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa