По повод 72 години од одржувањето на Антифашистичкиот фронт на жените на 14-15 декември 1944 година во штотуку ослободеното Скопје денеска во салата на Градскиот одбор на Сојуз на борци – Македонија, Надежда Пановска ќе поднесе реферат.
Како што информираат од Секцијата на жени борци, по рефератот ќе следи пригодна културно-уметничка програма и дружење.