Променливо облачно, постудено и ветровито

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, постудено и ветровито. Ќе дува засилен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието, како и во источните делови. Во северните и во западните делови од земјава ќе има услови за пројавување слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус пет и дневна до осум степени.

И во вторник слично време со засилен северен ветер, наместа со провејување слаб снег, особено во претпладневните часови.  Во вторник утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од три до осум степени.

Потоа следува претежно стабилно и постудено време со опаѓање на температурата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски