Eзерото Гратче крај Кочани порибено со 230 килограми крап

Од:

Во водите на вештачкото езеро Гратче крај Кочани, членовите на Спортско риболовното друштво „Кочански рибар“ извршија порибување со 230 килограми крап, со што се реализирани дел од активностите за оваа година кои се однесуваа на порибување на езерото.

– Ова е првата акција за порибување на езерото по добиената концесија пред шест месеци. Втората акција ќе биде реализирана напролет во месец март. Со одлука на Управниот одбор на нашето риболовно друштво езерото е порибено со 230 килограми крап од репроцентарот „Акватика“ од Неготино и според нашата програма ова е само еден почеток, со сопствени средства на риболовното друштво „Кочански рибар“, од членарина, од продадени риболовни дозволи, да реаклизираме акција за порибување на езерото, рече Ванчо Стаменков, член на Управниот одбор на Спортско риболовното друштво „Кочански рибар“ од Кочани.

Според Стаменков, интересот за зачленување во Здружението е  голем, ги има околу 400 членови, а проширена е и тертиоријата на која може да се лови. Според новата риболовна основа која треба од 1 јануари 2017 да стапи на сила, се зголемува ревирот на ловење кај реката Брегалница од мостот кај мотелот „Слив“ до вливот кај Злетовска Река, како и на сите притоки и мали акумулации кои што припаѓаат во ова подрачје.

Рокот за кој е добиена концесијата е шест години а Спортско риболовното друштво „Кочански рибар“ прави напори езерото „Гратче“ да влезе во распоредот на Риболовната федерација на Македонија за организрање првенства во спортски риболов.

Би можело да ве интересира

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции