Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, по повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски и одбележувањето 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, ќе присуствува на свечена литургија и ќе положи цвеќе пред споменикот на „Свети Климент Охридски“.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, е покровител на чествувањето на 1.100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, во чии рамки годинава беа одржани повеќе академии, бројни научни собири, ликовни изложби, културни манифестации и симпозиуми.