Утрово најстудено во Берово и Скопје

Од:

Утрово во Берово и Скопје – Петровец е најладно, – 9 степени, а максимални два степена се измерени во Дојран.

Како што соопшти УХМР, во Маврово, Куманово, Лазарополе и Крива Паланка е минус осум, во Штип, Демир Капија, Тетово и Пожаране минус седум, во Скопје – Зајчев Рид, Струмица, Дебар, Прилеп, Битола и Крушево минус шест, во Ѓуриште минус пет, во Претор и Тополчани минус четири, во Виница минус три, во Охрид минус два и во Гевгелија минус еден степен.

Времето во текот на денот ќе бисе сончево со слаба магла по одделни котлини. Темпеатурата ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје слично време со температура до 6 степени.

Утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност кон крајот на денот. По котлините ќе има услови за претпладневна магла. Утринската температура ќе биде од -9 до -1, а дневната од 9 до 15 степени. Во Скопје температурите ќе бидат од -7 до 10 степени.

Според УХМР, до недела ќе се задржи сончево со услови за појава на претпладневна магла по котлините. Утрата и понатаму ќе бидат многу студени, додека дневната температура од утре ќе биде во позначителен раст. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста и повторно опаѓање на дневната температура придружено со умерен до засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски