Исламска држава протерана од либискиот град Сирт

Од:

Провладините либиски сили успеале да ги протераат и последните џихадисти на Исламска држава (ИД) од градот Сирт, кој досега важеше за силно упориште на оваа милитантна, исламистичка група во Либија, изјави за Би-Би-Си командантот на операцијата Ахмед Хадија.

Според Хадија, преостанатите џихадисти се кријат во помалку од десетина куќи, главно собрани во приморскиот дел од градот.

Провладините сили соопштија во понеделникот дека имаат целосна контрола врз овој град, откако под нивна контрола беше ставен и последниот реон од Сирт.

Хадија, сепак, вели дека се уште не сака да зборува за победа, особено што останува уште чистењето на градот од „џеповите“ во кои се уште се кријат џихадистите кои останале во делови од Сирт.

Командата на операцијата соопшти дека нивната борба за Сирт била помогната со воздушни напади на американската авијација, која ги бомбардирала позициите на џихадистите.

Сирт беше центар на ИД, по упадот на џихадистите во градот во 2015 година, кога лесно и без поголем отпор ја презедоа контролата.

Нивната пропаганда потоа го прогласи овој град како главна база на џихадистите, надвор од Сирија и Ирак.

Од октомври џихадистите, беа потиснати во едно мало подрачје на Сирт, по започнувањето на операцијата за неговото преземање , во мај годинава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски