100 нови членови пристапија во редовите на СДММ во Гостивар

Од:

Вчера, во просториите на Општинската организација на СДСМ Гостивар се одржа  седница на Извршниот одбор на Локалниот клуб на СДММ Гостивар во чии рамки свечено беа поделени 100 членски книшки на нови членови на СДСМ.

Огромната поддршка што ја има СДСМ од младите во Гостивар, се гледа и чувствува на секој чекор. Вчерашното свечено доделување на книшките е само уште еден доказ дека младите се свесни во какво општество живеат, а со чинот на масовно пристапување во редовите на СДММ тие покажаа и во какво општесвто сакаат да живеат.

Членските книшки на новите припадници на Социјалдемократската младина на Македонија свечено им беа врачени од страна на Претседателот на СДММ, Дарко Давитковски кој им го честиташе пристапувањето во редовите на најпрогрсивната организирана младинска политичка сила во Македонија за јавноста позната како СДММ.

Во рамките на своето обраќање пред младите Давитковски истакна дека во изминатиов период СДММ во повеќе наврати јавно го изрази своето несогласување и револт во однос на редица политички случувања кои ги загрозуваа правата и слободите на младите луѓе во Македонија.

„Секогаш сме се залагале и ќе се залагаме за социјална правда и социјална демократија. Ние одамна сфативме дека ова е единствениот начин за трасирање на патот кон Евро-атланските интеграции. Велат иднината останува на младите, но ние треба да кажеме во каква иднина сакме да живееме. Ние младите треба да бидеме пример како се рушат границите кога станув збор за младинските политики“, нагласи Давитковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода