Сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -10 до 0 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 1 до 9 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура до -4 и дневна до 6 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Во поголем дел од земјата ќе има мала до умерена, а во јужните делови повремено значителна облачност.
