Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва одржа митинг и средба со жители на општинскиот центар Желино.
Претседателот на ДПА и носител на листата за пратеници од оваа партија во Шестата изборна единица Мендух Тачи, побара поддршка за платформата на ДПА, со која, според него, станала платформа на Албанците.
– Ако ДУИ победи повторно на изборите, нашата држава ќе се изолира од светот, затоа што оваа партија постојано создава кризи. Ние ќе бараме да се инвестира во средини каде што живеат Албанци. Во тие средини да имаме силна економија и ќе се залагаме странските фирми кои инвестираат тука да вработуваат по етнички клуч, рече Тачи.
Помина, додаде, времето на празни зборови и теории. – Мора повеќе да се инвестира во образованието, во инфраструктурата, во здравството. Затоа мора да се организирате и да гласате за ДПА за да можеме да ја реализираме нашата платформа. Не губете време работата е дојдена таму во секој момент од ЕУ и САД можат да речат или нова структура да дојде на власт или за вас нема интеграција во евроатланските структури, изјави Тачи.
Пред присутните на митингот на ДПА во Желино зборуваше и партискиот потпретседател и кандидат за пратеник Бардиљ Даути.