Што да рече човек а да не пцуе ко кочијаш од немукает и неверување.
Груби на синоќешното гостување на Топ Тема изнесе еден куп лаги.
Прво не е точно дека команданти на УЧК ги раководаат иституциите (освен Фатмир Деари градоначалник на Кичево)
Денес ниту еден командант на УЧК не е министер, ниту еден не е заменик министер, а камо ли УЧК да го води Собранието на Р.М. Тоа е шарлатантска лага и апсурд за чија глупавост може да сведочи цела јавност.
Вистината е дека ДУИ после формирањето на влада во 2011 ( кога Грујо ептен зависеше од нивните гласови) успеа да го добие ресорот одбрана и првично го постави Фатмир Бесими, кој нема врска со УЧК, за министер. При првата реконструкција на владата едвај успеа да го избоксува командантот Талат Џафери за министер за одбрана но таа екскурзија траеше само за неколку месеци.
Отогаш па навака Вистината е дека Груевски одлучува за кадрите на ДУИ а не Али Ахмети.
Еден куп команданти на УЧК кој се во високите структури на ДУИ со години чекаат амин од Грујо за да раководат со институциите но и натаму нивните места ги пополнуваат некои други кои апсолутно немаат никаква врска со УЧК.
Реално вистината е дека УЧК и нивните команданти секогаш се користат како ефтин маркетинчки трик пред избори и за време на кампањата за некој глас повеќе. Тоа што на Артан Груби му е доделена позицијата да зборува за имплемемтација на припадниците на УЧК, па уште и популистички да скандира по митинзи го прави уште по очигледен фактот дека за ДУИ воопшто не се важни корените од кои што се повикуваат дека потекнуваат.
Денес, поголемиот број на припадниците на УЧК, или се убиени во нерасчистени и сомнителни околности или се по затвори, или се маргинализирани веројатно и повеќе од она што биле пред 2001ва. Ефтиночата со која се конструира овој тип на пропаганда која е насочена исклучиво кон албанците, помалку потсеќа на најнаивните маркетиншки фори. Демек ако стаиме гола женска на реклама, нема да биде битно колку е неквалитетен производот или по нашки тури 3 реченици за УЧК и збори за двојазичност без некоја посебна стратегија и граѓаните нема да приметат дека 8 години ти ги водиш институциите сосе сите нивни неуспеси. Епа драги лишинари тоа веќе не проаѓа. Патетични сте кога ве гледа човек како во кампања се возите на идеали на кои уринирате кога истата ќе заврши.
Денес лицето на Дуи е лицето на Груби и изгледа грдо, истрошено, лажливо, слабо… и завиено во лој од криминал.