Али Ахмети на средба со жителите од Марово – Ростуше

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција и носител на кандидатската листа во Шестата изборна единица Али Ахмети денеска ја посети општина Маврово – Ростуше.

Пред жителите од оваа општина, Ахмети рече дека ДУИ е единствениот гарант на албанското прашање и заштитник на малцинствата коишто се за соживот со Албанците.

– Јас сум тука за да ви кажам дека ние треба да се обединиме, Албанци, Бошњаци и Турци, со цел работите да одат напред, изјави Ахмети.

Тој рече дека ДУИ никогаш ги нема заборавено жителите од Ростуше и оти како партија ги штитат интересите не само на Албанците, туку и на сите други заедници во Македонија.  

– ДУИ е реална сила во земјава. Без ДУИ, не може да функционира ниту државата, ниту институциите во оваа земја. ДУИ е политичка сила која не ги штити само интересите на Албанците, туку интересите на сите заедници во оваа земја, заедници што биле прогонувани и оспорувани. Затоа си давам себеси право и морално и национално, да ги барам гласовите на сите во оваа земја затоа што јас не сум мислел да ги штитам преку измена на Уставот само Албанците, туку сите малцински заедници што живеат тука, рече Ахмети.

Шефот на Централниот изборен штаб, Беким Незири најави дека ќе ја подобрат економската состојба на жителите од овие краеви.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ