Тачи: Со победата на ДПА, ќе ја вратиме гордоста на Албанците

Од:

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи, кој е и носител на листата за пратеници во Шестата изборна единица, вечерва на митингот во Тетово им се заблагодари на тетовци затоа што, како што рече, секогаш кога на ДПА и било најтешко, во Тетово добивале најголема поддршка и Тетово ја одржува во живот ДПА.

На собирот во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ Тачи се осврна на нивното залагање во оваа кампања за еден заменик премиер Албанец со право на вето односно да мора да има и негов потпис за да помине важна одлука на Владата, особено од сферата на меѓуетничките, политички и економски односи.

– Овој принцип ќе функционира исто како што сега мора да ги има двата потписа – и од заменик министерот и дополнителниот заменик министер. Доколку ја освоиме власта, на овој начин нема да може да се усвои буџетот без да има правична распределба, но и рамноправна распределба на пензиите, социјалната помош, кредитите и стипендиите, рече Тачи.

Тој го критикуваше нивниот опонент – Демократската унија за интеграција за која рече дека за време на својот мандат не презела и не завршила ниеден проект за Тетово каде живеат Албанци и каде, како што рече, се уште се соочуваме со недостаток на вода за пиење, загаден воздух, без канализација, без средени улици.

– Токму улогата на вистински заменик премиер Албанец ќе овозможи Тетово да стане модерен град со користење на средства од државниот буџет. Со победата на ДПА на изборите ќе се врати гордоста кај сите Албанци, а за да стигнеме до тоа нам ни е потребен гласот на народот. Гласот што нема да биде за ДПА, туку за некоја од помалите партии на Албанците, директно ќе оди за Груевски и Заев, изјави Тачи.

На собирот на ДПА во Тетово зборуваа и партискиот потпретседател Бардиљ Даути и кандидатката за пратеничка и претседателка на Форумот на жени на ДПА, Мерале Ферати. Во рамките на предзиборните активности, ДПА вечерва организираше собир и во тетовски Порој.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он