Лидерот на ДПА Мендух Тачи синоќа пред партиските членови и симпатизери во Велешта ја претстави политичката платфрома со која настапуваат на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 11 декември.
Повикувајќи ги присутните да галсаат за неговата партија, Тачи подвлече дека гласот за малите партии е изгубен глас.
Со нивната платформа, како што рече, ќе се залагаат за рамномерна распределба на буџетот и Албанците да имаат еднакви услови за живот со Македонците.
На средбата во Велешта беше промовиран и носителот на листата на ДПА за 5. Изборна единица Адриан Усеини.