Спасески на конференција за министри за спорт во Будимпешта

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески во следните три дена ќе престојува во работна посета на Будимпешта, каде ќе земе учество на министерската конференција за министри надлежни за спортот, во организација на Советот на Европа.

На конференцијата учество ќе земат министрите за спорт од земјите членки на Советот на Европа, а  ќе се дискутира за улогата на властите во адресирањето на предизвиците во борбата против допингот во спортот и манипулацијата со спортските натпревари.

Во рамките на тркалезните маси, првите луѓе на спортот во Европа ќе  разменат мислења соработката на националните власти со Светската антидопинг агенција (ЊАДА), за можностите на Владите да ја зајакнат заштитата на фундаменталните права на спортистите, како и за доброто управување во спортот преку засилена соработка помеѓу властите, учесниците во спортските активности и спортските здруженија.

На самитот предвидено е и потпишување на Конвенцијата на СЕ за интегрирана безбедност, сигурност и пристап кон фудбалските натпревари и други спортски настани, од страна на земјите кои се уште не пристапиле кон потпишување на овој документ.

Спасески на маргините на самитот ќе оствари средби со неколку свои колеги во насока на продлабочување на соработката во делот на спортот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска