Демократската партија на Албанците вечерва одржа митинг во Добри Дол. Лидерот на партијата, Мендух Тачи, ја презентираше изборната програма, како и кандидатите за пратеници од втората изборна единица.
Тачи го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека на народот му донел само насилство.
– ДПА ќе работи во две сфери, економски и политички проекти. Економски најважно е да нема дискриминаторски буџет, да има правична и пропорционална распределба на буџетот во државата, да има инвестиции во сите места подеднакво. Имаме идеја да се амнестираат долговите на граѓаните кон државата настанати поради казни и други основи, истакна Тачи.
Во политиката, како што рече, ќе се ангажираат да ја нема дискриминацијата на Албанците.
– Се залагаме и за закон за амнестија што ќе го донесеме со цел да не лежат во затвор сите осуденици од монтираните политички случаи. Такви ги има многу зошто ДУИ ни донесе насилство, крв и затвори, додаде тој.