Вебер: Турција нема да стане членка на ЕУ

Од:

Зачленувањето на Турција во ЕУ е целосно исклучено, изјави лидерот на Пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот парламент, германскиот демохристијанин Манфред Вебер.

– Турција нема да стане членка на ЕУ, изјави Вебер во интервју за весникот „Ноје Ознабрикен Цајтунг“.

Според него, наместо полноправно членство, многу „поразумно“ ќе биде ЕУ и Турција да склучат посебен договор за соработка во областа на економијата, културата и студентската размена.

Европскиот парламент во четвртокот усвои резолуцијата со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, во знак на протест поради чистките во земјата, по неуспешниот обид за преврат.

По ова турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека тој документ нема никаво правно значење на Турција, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган се закани дека Анкара би можеле да ги отвори границите кон  ЕУ за оние мигранти што сега се наоѓаат на нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција