АВМУ го осуди нападот врз новинарска екипа од МРТ

Од:

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува нападот врз новинарската екипа на информативната програма на Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радио телевизија од страна на припадници и симпатизери на политичка партија.

Посочуваме дека насилството врз новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за актуелните општествено-политички настани.

Апелираме да се овозможат нормални и непречени услови за професионално работење на медиумите и медиумските работници“, се вели во соопштението на АВМУ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми