Заев: За 17 дена завршуваат делбите во Македонија

Од:

Опозициската коалиција предводена од СДСМ вечевра одржа митинг со нивните членови, симпатизери и жителите на Тетово на дел од централниот градски булевар „Маршал Тито“.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во своето обраќање пред присутните рече дека за седумнаесет дена завршуваат делбите во Македонија, Македонија која плаче за единство, за сплотеност, за рамноправност, за иднина, за живот. – Јас ќе бидам идниот премиер и ви гарантирам дека носам живот за сите граѓани во наша Македонија. Ова е план за сигурна, безбедна и праведна држава, истакна Заев.

Пред присутните на митингот се осврна и на, како што рече, наметнатите тези за федерализација и кантонизација на државата.

– Уставот на Република Македонија нема да дозволам никој да го смени. Имаме прекрасен, либерален, европски устав и тој устав ги гарантира сите права на граѓаните на Македонија од било која заедница, но ги гарантира и обврските на секој граѓанин. Овој план гарантира едно општетсво за сите, рече Заев.

Според него, сега треба да се насочиме кон решавање на економските и егзистенцијалните проблеми и за изградба на едно обединето општество со внатрешна стабилност и добри односи меѓу заедниците.

За носителот на листата за пратеници од СДСМ во шестата изборна единица Петре Шилегов само денови се во прашање, а режимот паѓа и тоа не може никој да го запре.

– Доста е веќе лажење, крадење, малтретирање на сопствениот народ. Доста беа заминувања од овој град, доста беа заминувања на младите од нашата земја. Поминува времето на криминално владеење драги мои и поминува времето на екстремно сиромашни затоа што граѓаните знаат што заслужуваат и граѓаните масовно одбираат живот во Македонија, рече Шилегов.

Најави повеќе мерки за економско зајакнување, како мерката 10 илјади евра за младите кои ќе отворат сопствен бизнис, организирање старт ап ценри во државните институции за младите да работат две години за да стекан искуство и да заработуваат во државата, а не да одат надвор. Во сферата на образованието, Шилегов најави укинување на екстерното оценување, а реформите што ќе се спроведат ќе им овозможат на младите критично и креативно да размислуваат и така да го градат својот живот.

Пред тетовци зборуваа и кандидатките за пратенички од оваа коалиција, а по потекло од овој крај Татјана Лалчевска и Ѓулумстер Касапи. Тие ја побараа довербата од граѓаните со цел, како што рекоа да се запре иселувањето на младите, задолжувањето на граѓаните и подобрување на состојбите во образованието, здравството и другите сфери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он