Тачи: По изборите ќе се донесат два закони важни за Албанците

Од:

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) и носител на листата за кандидати за пратеници во ИЕ 6, Мендух Тачи најави дека по изборите ќе бидат донесени два закони за кои, како што рече се важни за албанците во Македонија.

– Закон за фискална амнестија и ослободување на сите албанци од долговите кои ги имаат кон државата и закон за амнестија на затоврениците албанци. Ова е многу важно и затоа тоа ќе биде првото што ќе го направиме. Тоа ќе бидат првите два закони кои ДПА ќе ги донесе, рече Тачи на предизборниот собир во гостиварското село Вруток.

Тој се осврна и на политиката која ја води ДУИ, која според него, ги оставала албанците на страна исто како и нивните потреби од инфрструктура и подобар живот и како што рече, не ги исполниле нивните потреби и барања.

Според Тачи, кандидатите за пратеници кои ги понудија на овие избори се нови лица без дамки во биографиите и се исклучително образовани луѓе, кои знаат да ги препознаат проблемите кои ги мачат албанците од овие краеви и да понудат решение.

На собирот кој се одржа во зградата на месната канцеларија, пред сопратијците се обратија и кандидатот за пратеник Рушит Веапи и шефот на изборниот штаб на ДПА за Гостивар Газменд Алију. Тие ја побараа поддршката на граѓаните повикувајќи на масновна излезност на денот на изборите.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он