Утре магла, од понеделник студено со снег

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде стабилно со магла и ниска облачност по котлините. Кон крајот на денот и ноќта ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови со повремен слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од седум до 15 степени.

Во Скопје слично време, стабилно со магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Врнежите од дожд ќе продолжат и во сабота кои во западните и југозападните делови ќе бидат со умерен интензитет.

За време на викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.

Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови, особено претпладнето.

Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.

Со промената на времето ќе се намалат условите на загаденост на воздухот.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска