Магла по долините, разведрување и сончево од пладне

Од:

Долж Повардарието и во Пелагонија и во дебарскиот крај утрово има магла или само намалена видливост. На крајниот југоисток има и ниска облачност. Во останатиот дел од земјата е ведро. Во Скопската котлина исто така има магла, а кон запад само намалена видливост, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Најниската температура од минус три утрово е измерена во Битола, минус два во Крива Паланка и Куманово, во Тетово, Берово и Маврово минус еден, нула степени се измерени во Скопје Петровец, Демир Капија и Прилеп.

Во Лазарополе, Пожаране, Крушево и Штип еден степен над нулата, два степена во Ѓуриште, Скопје и Претор, три во Тополчани, Виница и  Охрид, четири во Дебар, пет степени во Струмица, осум во Гевгелија и девет степени во Дојран.

УХМР информира дека денеска претпладне во долините ќе се задржи магла која постепено ќе слабее. Ќе се намали и облачноста која сега ја има на југоисток Од пладневните часови ќе преовладува претежно сончево и тивко. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла, а понекаде само со намалена видливост. Од пладневните часови че биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Температурата до 10 степени.

До петок ќе продолжи периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со магла или намалена видливост по котлините.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат. Во недела утринската температура ќе биде позитивна насекаде.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он