Со натпреварот Ајачио – Сент Етиен вечерва стартува 15.коло во француската фудбалска Лига 1. Со евентуален триумф гостите уште повеќе ќе си ги зголемат шансите за највисок пласман. Почетокот на дуелот е во 20 часот и 45 минути.
Дербито на колото се игра утре од 17 часот, на „Жерлан“ во Лион кај лидерот Олимпик гостува шампионот Монпеље.
На другите саботни натпревари од оваа рунда двојките се: Бордо – Сошо, Евиан – Нанси, Лил – Бастија, Ница – ПСЖ и Валесиен – Ремс.
Во недела играат: Брест – Олимпик Марсеј, Троа – Рен и Лориен – Тулуз.
Табела: Олимпик Лион 28, ПСЖ 26, Олимпик Марсеј 26, Сент Етиен 25, Бордо 24, Валенсиен, Тулуз и Рен по 22,.