Така „случајно“, Климовски вчера даде свое експертско толкување базирано, пред се`, врз психијатриско вештачење за нечиј интелектуален капацитет, за потоа да продолжи со реченици во кои ја пофали десетгодишната политика на ДПМНЕ и на крајот да даде препорака за кого да се гласа на претстојните избори.
Човекот, кој е одличен познавач на правото (факт), целиот изминат период премолчи и ниту еднаш не понуди предлог, ниту еднаш не ја изнесе јавно својата експертиза околу случувањата во земјава, дури и тогаш кога Македонија имаше нужност од правни cовети и насоки од луѓе налик неговиот профил.
Одамна не гледам ТВ Сител, па така го начекав Саво споделен по социјалните мрежи.
Професоре, што баравте кај Ивона, зарем му прилега на Вашето ниво озборувачки разговор за тоа колку ја сакате или не Шеќеринска и зарем не знаете дека ние сме мултиетничко, а не мултинационално општество?!
Професоре, правните експерти станаа клиентелисти и таму е одговорноста. Професоре, зарем не знаете дека претседател на партија е тој кого што го избираат членовите на конгрес, а не Правниот факултет и, за разлика од Вас, што и да погреши нема толкава одгворност во правна конотација?
Се надевам дека ќе се одважите да кажете што мислите за правата на граѓаните и содржината на разговорите. Се надевам… И да, ако оваа земја имаше правен систем, Вашиот соговорник ќе го сретневте на друго место, сигурно не во студио… сигурно!
Дејан Блажески