На свечена церемонија во Бугарската академија на науките (БАН) во Софија денеска на македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе му биде доделена титулата „Почесен доктор на науки“.
За време на дводневната работна посета на Република Бугарија, претседателот Иванов денеска во Бугарската академија на науките ќе има средба со академик Стефан Воденичаров, претседател на БАН, и ќе одржи предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот милениум“.
Предвидено е утре македонскиот претседател да се сретне со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, како и со новоизбраниот претседател на Бугарија Румен Радев, со кои ќе разговара за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.