СЈО на прес конференција ја презентира најновата истрага насловена „Таргет“.
Обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека незаконски, УБК прислушувала 5. 827 граѓани.
„Десет лица, тогаш и сега вработени во Управата за безбедност и контраразузнување, ја злоупотребиле службената положба и овластување и без судски налог или надвор од судски налог, давале налог и сами слушале, незаконски, политичари, лица од бизнисот и новинари, рече на прес конференција обвинителката Фатиме Фетаи.
Таа посочи и имиња на новинари, а рече, Зоран Заев незаконски бил следен 1.150 дена, Зоран Верушевски 600 дена, а неговата сопруга 816 дена.