Специјалното јавно обвинителство објавува нова истрага насловена како „Таргет“.
Секој еден граѓанин треба да знае дека државата има двојна одговорност-да се воздржи од неовластен упад во приватноста на граѓаните, а и да ги заштити од упад во прватноста од страна на трети лица. Државата во одредени околности има права да навлегува во приватноста на граѓаните но тоа само со прецизна правна рамка која треба да биде спроведена од лица овластени за тоа. Оваа обврска не била почитувана од страна на УБК, рече специјалната обвинителка Катица Јанева.
Прислушуваните разговори од УБК завршувале кај еден лидер на политичка партија, посочи обвинителката Фатиме Фетаи. Следени се новинари, политичари, бизнисмени. Оваа постапка ќе има импликации и кај предметот „Пуч“. Беше извршена анализа на хард дискот доставен од СДСМ; при што дел од комуникациите во предметот Пуч биле незаконски следени, односно подолг период пред издавање на наредбите за следење. Верушевски бил следен 600 денови пред да биде издадена судската наредба, рече Фатиме Фетаи.
Зоран Заев бил незаконски следен 1150 денови, а најголемиот дел пред да биде издадена судската наредба, а потоа и по завршувањето на судската наредба. Незаконското следење на телефонските комуникации е вршено со злоупотреба со следење на комуникациите во УБК. Од прибраниот доказен материјал произлезе дека прислушувањето продолжило и по објавените прислушуваните материјали-вупно 138 телефонски броеви.