Времето денеска ќе биде сончево. По одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 11 до 16 степени.
Во Скопје слично време со температура од минус два до 12 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има слаба магла, а во утринските часови на повеќе места температурата ќе се спушти под нулата.
