ОПЕК сака договор за намалување на производството на нафта

Од:

Членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) се подготвени да постигнат догвоор за намалување на дневното производство на енергенсот, изјави синоќа венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Меѓу членките на ОПЕК постои волја за преземање напори во текот на ноември со цел да се постигне цврст договор за намалување на производството на нафта и да се воспостави механизам за стабилизација на нафтениот пазар, изјави Мадуро по средбата со генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо во Каракас.

Според Мадуро, тој договор треба да гаранрира постигување на „реална и балансирана цена“ на нафтата.

Баркундо од своја страна нагласи дека е можно да се ближи крајот на периодот на ниски цени на нафтата.

На состанокот одржан во Виена кон крајот на минатиот месец лидерите на ОПЕК и претставниците на Русија и на други држави производители на нафта, не успеаја да постигнаат договор за намалување на дневното производство на „црното злато“, чија цел е зголемување на неговата цена на светските берзи.

По средбата беше најавено дека на 25 и 26 ноември ќе се одржи нова средба во истиот формат, посветена на нови преговори за намалување на производството на нафта.

ОПЕК предлагаше сведување на дневното производство на нафта на ниво од 32,5 до 33 милиони барали, но некои од државите производители на енегренсот. како Иран, Ирак и Казахстан, се спротвставија на таквиот план.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот