Топ моделот Бела Хадид реши да тргне по стапките на својата сестра Џиџи, која веќе некое време работи за „Рибок“, па така стана ново заштитно лице на „Најк“.
Дваесетгодишната манекенка ја соопшти оваа вест на социјалните мрежи, објавувајќи слика од својот плакат поставен во Њујорк.
– Прилично сум возбудена што можам да објавам дека и официјално станав дел од семејството „Најк“. Наскоро следат уште изненадувања, напиша Бела во придружниот коментар.
Манекенката пред неколку дена доби и понуда од „Викторија Сикрет“ да зачекори на нивна модна ревија.
Она што посебно ќе ги интересира нејзините машки фанови е дека таа неодамна раскина со Абел Тесфаје, за да се фокусира на својата кариера.