МВР и Општина Центар: Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил

Од:

Одделението за превенција при СВР Скопје од денеска почнува да го спроведува проектот „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

Активностите ќе почнат денеска во 13 часот на улицата „Народен фронт“, во непосредна близина на трговскиот центар „Беверли Хилс“.

Во текот на ноември и декември во соработка со Општина Центар ќе се реализираат активности поврзани со оваа кампања. Ќе се организираат тематски средби со месните и урбаните заедници на подрачјето на општината и ќе се дистрибуираат флаери со пораката „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

„Основната цел на кампањата е подобрување на општата безбедност на граѓаните и имотот, односно преземање превентивни мерки и активности за подигање на свеста кај граѓаните и споделување на одговорноста во насока на превенција од тешки кражби во патничките моторни возила“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?