Граѓани… „окупирајте“ ги судниците каде се бранат вашите права

Од:

Доколку суштината на правото и правдата е заштита на човековите права, се поставува прашање, до кога во Р.Македониај ќе се „лежи“ за ЕДНА тегла ајвар, каде што сторителот е „граѓанин„ , а ке се „ослободува“ за СТО тегли кавијар, каде што сторител е државата.

Судската постапка не е нешто што е тајно, а уште помалку е нешто кое може да остане сокриено, сето тоа поради фактот што на крајот доваѓа пресудата која е јавна и која може да се побара во секој момент и истата мора да биде достапна до секого.

Заради тоа, доволно е да се направи една добра анализа, па многу лесно ќе се воочи дека, во зависност од правната област, во најголем дел од случаите судот претставуваше продолжена рака на обвинителството, или заштита на имотот кој го поседува државата.

Тоа произлегува од редицата пресуди донесени на еден многу едноставен начин. Со други зборови, по макотрпната работа на адвокатите во својство на бранители или полномошници на своите клиенти, целата макотрпност, целото објаснување и докажување, на многу едноставен начин паѓа во вода и тоа со еден потпис на пресудата од страна на судечкиот судија, во редица случаи со образложенија кои ниту коренсподираат со постапката, ниту со доказите изведени во истата.

Изнесеното е спротивно и на одредбите од Законот за Судовите, кои одредби предвидуваат дека

„Судиите во примена на правото ги заштитуваат човековите права“.

Се разбира, постојат исклучоци на судии кои претставуваат не само почит, но со својата стручност и решителност во правилното и правично делење на правдата, овозможуваат професионално задоволство во спроведувањето на правдата во нивните судници.

Во такви околности, може да се зборува за тоа дека голем дел од судските постапки не се т.н. „слободни“, од причина што судиското убедување се користи надвор од сите рамки, па надвор и од законските рамки.

На таков начин на практицирање на правото и на правдата, жртва не е само граѓанинот над кого е извршена таквата незаконитост, но жртва е целото општество, од причина што таквите пресуди отвараат можности во иднина истите да се користат како судска пракса, која претставува показател во одредени моменти по кој пат треба да се движи постапката, па иамјки предвид дека ваквиот пат е искривен пат, дека ваквиот пат не е праведен пат, секоја друга постапка која би се заснивала на ваква пресуда, би била неправедна и неправична према некој друг граѓанин, а тоа можеме да бидеме и сите ние, тоа можат да бидат и самите судии кои ги донеле таквите пресуди, но можат во иднина да бидат и нашите деца.

Заради тоа, судските постапки во најголем дел се отворени за јавноста и заради тоа ги повикувам сите граѓани, кои имаат слободно време (а такви ги има многу – од невработени, од пензионери, од вработени кои не се обврзани да одат на своите работни места) окупирајте ги судските сали и бедете активни слушатели за тоа на кој начин се дели правдата во Република Македонија.

Направето го тоа веднаш, затоа што лично сум убеден дека на ваков начин на спроведување на правото и на правдата не може уште долго време да биде во функција, па реформите во правосудството кои ќе треба да настапат, ќе треба да бидат реформи кои нема да бидат само деклараторни но ќе бидат суштински, кои реформи би задирале дури и до преиспитување на стручноста на оние кои се поставени на местата да ја делат правдата.

Во тој смисол потребни се реални, а не декларативни реформи во судската власт кои ќе бидат во правец на создавање институции за остварување на правна и правична заштита на загрозените и разнишани права на граѓаните, со што би се обезбедила правна сигурност кај граѓаните на основа владеење на правото, па ваквите ставови ќе ги завршам со размислите на Платон во делото „Сократова одбрана“ – „Тој во судницата им се обраќа на тие што го осудиле, нарекувајки ги „граѓани Атински“ и им прорекува дека наскоро ќе се покајат што подлегнале на лажните обвиненија, додека на тие што гласале за негово ослободување им се обраќа со зборовите „судии“…..“ , а епилогот на ова историско дело од областа на правото и правдата е повлекувањето на сите судии кои неправилно и неправично гласале за вина на страната на невин граѓанин и неговото погубување.

Адвокат – М-р. Стојанче Геровски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска