(ВИДЕО) Дончев: Истите оние кои го уништивме едноумието на комунизмот ќе го уништиме едноумието на ДПМНЕ

Од:

Народот порано велеше „туѓината пуста да остане“. Туѓината денес е поубава, има работа, плати, стандард, владеење на правото, економски права и слободи. Во Македонија нема, тоа го знам од лично искуство. Во последните 10 години, Македонија е запустена од лоши политики, лажен патриотизам и огромен економски криминал, рече на конвенцијата на коалицијата „ВМРО за Македонија носителот на листата од првата изборна единица, Ден Дончев.

– Денес, од ова место, јавно порачуваме, доста беше, не се плашиме. Со сите тие луѓе, со сите вас кои го уништивме едноумието во комунизмот, денес ќе го убиеме едноумието на ДПМНЕ. Јасно покажаа дека тие живеат во огромен луксуз стекнат со криминал. Ние, „ВМРО за Македонија“ ги разбираме тешкотиите на обичниот народ во Република Македонија, рече Дончев.

Тој вели, со гордост и голема чест прифатил да го води штабот на „ВМРО за Македонија“ исто како што тоа го сторил во 1998 година.

– Тогаш, одејќи од куќа на куќа, на чело со Љубчо и вистинските македонски патриоти верувавме во победата и ја добивме довербата од македонскиот народ да ја составиме првата вмровска влада. Иако беа бурни времиња, таа демократска промена остана запаметана како времето на Љубчо во кое најубаво се живееше, нагласи Дончев.

Тој истакна дека коалицијата ги разбира маките на обичниот народ.

– Изминативе 10 години, власта потроши преку 30 милијарди евра. Тие пари беа доволни во Македонија секој работник да зема плата од најмалку 600 евра месечно, а животниот стандард да биде на европско ниво, но сиромаштијата е главното оружје на неодговорната, алчна власт против сопствениот народ, истакна Дончев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: Снимките за Мицкоски ги пушта некој од присутните на состанокот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Распитот на Ден Дончев, стандарно полициско постапување

Ана Ололовска

На Јутјуб објавени уште две аудиоснимки за Ден Дончев

А1он

Ден Дончев: Не сум уапсен

Кристијан Ландов

Владата ја прифати оставката од директорот на ФЗО, Ден Дончев

Кристијан Ландов

Директорот на ФЗО поднесе оставка: Имав намера ова да го направам и порано

Кристијан Ландов