Во кавадаречко Чемерско ќе се гради одморалиште за пензионери

Од:

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов најави дека како резултат на грижата на општината за селските месни заедници, ќе се гради одморалиште за пензионери во Чемерско. Овие денови ќе биде ставен камен темелникот на објектот, во кој ќе може да одмораат лица од третата доба.

– Неодамна набавивме дополнително црево за месната заедница Бохула со што дополнително се дотура вода, иако и без тоа водоснабдувањето таму е стабилно веќе неколку години. Исто така повторно со помош на Владата, завршивме со канализационата мрежа, еден поголем проект. Таму каде што имаше ја реновиравме, а ја направивме таму каде што немаше. Комплетно е завршен проектот во делот на подземната инсталација во селото Бохула, информираше градоначалникот.

Панов соопшти дека во селата Крњево и Чемерско како и секоја година, се инвестира во планирани проекти кои најчесто опфаќаат поставување на бекатон коцки.

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето