Квалификации СП 2018: Македонија му гостува на фаворитот Шпанија

Од:

Македонската фудбалска репрезентација вечер против фаворитот Шпанија ќе се обиде да направи изненадување и за првпат да остане непоразена во квалификациите за Светското првенство 2018.

Селекторот Игор Ангеловски истакна дека верува во тимот и се надева на добра игра.

– Верувам во фудбалерите, ние имаме свои цели и се надевам дека по мечот тие ќе бидат остварени. Формациски нема да се менува ништо во нашата игра, но можни се неколку персонални измени, голман и уште две. Имаме можеби најмлада репрезентација, но тоа не ме плаши, верувам во младите и сигурно некој од нив ќе добие шанса. Во фудбалот битни се поединците, но најбитен е тимот, мора да играме тимски, само така можеме да им се спротивставиме на Шпанците. Можеби мал хендикеп за нив е што не играат некои од стандардните играчи, но тоа не мора да биде пресудно, бидејќи имаат широк избор на квалитетни фудбалери, истакна Ангеловски.

Натпреварот Шпанија – Македонија е во рамките на 4.коло од групата Г и ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути на „Лос Карменес“ во Гранада. Во истиот термин од оваа група се среќаваат: Лихтенштајн – Италија и Албанија – Израел.

Табела по три рунди: Шпанија 7 бодови, Италија 7, Албанија 6, Израел 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска